
Вметнување SIM картичка и батерија
Важно: Овој уред е направен за употреба само со стандардна SIM картичка
(види слика). Употребата на некомпатибилни SIM картички може да ја оштети
картичката или уредот и може да ги оштети податоците што се зачувани на
картичката. Консултирајте се со мобилниот оператор за употребата на SIM
картичка што има мини-UICC исечок.
6
За почеток

Овој телефон е наменет за користење со некоја BL-5J батерија. Секогаш
користете оригинални Nokia батерии.
Ако имате само една SIM картичка, вметнете ја картичката во внатрешниот држач
за SIM картички.
1 Поставете го прстот во вдлабнатината на дното на телефонот и внимателно
подигнете и отстранете го задниот поклопец.
2 Ако батеријата е вметната, извадете ја.
3 Излизгајте го држачот за SIM картичката за да го отклучите (1) и употребете
го ноктот за да го подигнете. Осигурете се дека областа за контакт е свртена
надолу кога држачот на SIM картичката е спуштен (2), вметнете ја SIM
картичката во држачот и спуштете го држачот (3). Лизнете го држачот за
картички за да го заклучите (4).
4 Подредете ги контактите на батеријата и на одделот за батеријата и вметнете
ја батеријата. За да го замените задниот капак, насочете го горниот дел за
заклучување кон неговото место, и притиснете се додека поклопецот не се
заклучи на своето место.
За почеток
7