Nokia 200 - Вашиот телефон со две SIM картички

background image

Вашиот телефон со две SIM картички
Можете да вметнете две SIM картички.

Придобивки од користењето на телефон со две SIM картички

Можете да заштедите кога користите услуги од различни оператори.

Користете еден број за лични повици и друг за работа, а носете само еден

телефон.

Избегнете варирање меѓу мрежната покриеност на операторите на услуги.

Двете SIM картички се достапни истовремено кога не се користи уредот, но само

едната SIM картичка е активна, на пример, при остварување повик, другата

картичка е недостапна.

Ако имате само една SIM картичка, вметнете ја картичката во држачот за

картичката SIM1. Некои функции и услуги може да се достапни само кога ја

користите SIM картичката во држачот за картичката SIM1. Ако има SIM картичка

само во држачот за картичката SIM2, можете да остварувате само итни повици.

GPRS конекција не може да биде отворена во позадина. Ако некоја апликација

користи GPRS конекција, а Вие се вратите во почетниот екран или се промените

на друга апликација, мени или друг приказ, конекцијата автоматски ќе се затвори.